Банка на податоци за белковини
From Wikipedia, the free encyclopedia
Банка на податоци за белковини (англиски: Protein Data Bank, PDB) — база на податоци на тридимензионални структури на биолошки макромолекули, како што се белковините и нуклеинските киселини. Податоците главно се добиваат со рендгенска кристалографија, NMR спектроскопија или крио-електронска микроскопија и после поднесувањето од страна на истражувачите стануваат слободно достапни на Интернет преку мрежните места на организациите членки (PDBe,[1] PDBj,[2] и RCSB[3]). PDB е надгледувана од страна на организацијата наречена Worldwide Protein Data Bank, wwPDB.
Содржина | |
---|---|
Опис |
|
Контакт | |
Пристап | |
Податотечен формат | PDB |
Мреж. место | |
Алатки | |
Разно |
PDB е клучен извор на информации во областа на структурната биологија, како што е структурната геномика. Повеќето големи научни списанија и некои донаторски агенции, бараат од научниците да ги поднесат структурите добиени од нивните истражувања на PDB. Многу други бази на податоци користат белковински структури депонирани во PDB. На пример, SCOP и CATH ги класифицираат белковинските структури, додека PDBsum обезбедува графички преглед на записите во PDB со користење на информации од други извори, како што е Онтологија на гени (анг. Gene ontology - GO).[4][5]