Мали
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мали (француски: Mali) или официјално Република Мали (француски: République du Mali) е држава во Западна и Северна Африка, каде е и седма најголема држава на континентот. Мали граничи со Алжир на север, Нигер на исток, Буркина Фасо и Брег на Слоновата Коска на југ, Гвинеја на југозапад и со Мавританија на запад. Вкупната површина на Мали изнесува 1.240.192 км2 каде живеат околу 14.517.176 жители. Главен град на државата е Бамако.
Република Мали |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: "Un peuple, un but, une foi" „Еден народ, една цел, една вера“ |
||||||
Химна: Le Mali „Мали“[1] |
||||||
Местоположбата на Мали (зелено) |
||||||
Главен град | Бамако 12°39′N 8°0′W | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | француски | |||||
Поголем јазик: | бамбара | |||||
Демоним | Малиец | |||||
Уредување | полупретседателска република | |||||
• | Претседател | Ибрахим Бубакар Киита (вршител) | ||||
• | Премиер | Бубу Сисе | ||||
Независност | од Франција | |||||
• | Објавена | 22 септември 1960 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 1,240,192 км2 (24-та) | ||||
• | Вода (%) | 1.6 | ||||
Население | ||||||
• | Попис 2020 | 19 553 397 (62-ма) | ||||
• | Густина | 11.7 жит/км2 (215-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $15.084 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $1.129[2] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $8.774 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $656[2] | ||||
Џиниев коеф. (1994) | 50.5 висок |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.407[3] низок · 176та |
|||||
Валута | Франк (XOF ) |
|||||
Часовен појас | GMT (UTC+0) | |||||
• | (ЛСВ) | н/п (UTC+0) | ||||
Се вози на | десно[4] | |||||
НДД | .ml | |||||
Повик. бр. | 223 |
Мали се состои од осум региони и северниот дел е составен од пустината Сахара, додека јужниот дел се наоѓаат реките Нигер и Сенегал. Економијата на Мали се заснова на земјоделството и риболовот. Како дел од природното рудно богатство на Мали е златото, ураниумот и солта. Сепак, Мали е една од најсиромашните држави во светот.
Денешното Мали порано било во склоп на три африкански држави: Ганското царство, Малиското царство (чие име го носи) и Сонгајското царство. Во XIX и XX век Мали било под француска власт и дел од Француски Судан. Во 1959 година Мали и Сенегал се стекнале со независност и ја создале Федерацијата Мали. По една година, Мали се отцепил од федерацијата и станал независна држава.