ISO 3166-1 алфа-2
From Wikipedia, the free encyclopedia
ISO 3166-1 алфа-2 — збир двебуквени државни кодови утврдени со ISO 3166-1 (дел од стандардот ISO 3166) на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Наменети се за претставување на земји, зависни територии и посебни подрачја од географски интерес. Претставуваат најзастапените кодови на ISO (другите се алфа-3 и бројчените) и најчесто се среќаваат како највисоки државни домени на семрежјето (со мали исклучоци).[1] Воведени се во 1974 г., во првото издание на стандардот ISO 3166.