Aнгел чувар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ангел чувар — ангел одговорен за заштита и водење на поединец или група. Верувањето во ангели чувари датира од античко време. За развојот на идјата за ангелите чувари и нивната хиерархија во христијанството особено придонел Псевдо-Дионисиј Ареопагит во 5 век.
Теологијата на ангелите и духовите чувари претрпела многу усогласувања од 4 век. Се верува, и на Исток и на Запад, дека ангелите чувари ја штитат секоја личност која Бог ќе им ја додели, а покрај тоа тие се залагаат кај Бога за благосостојбата на таа личност.[1]
Католичката црква го слави празникот на светите ангели чувари на 2 октомври. Го вовел папата Павле V во 1608 година, на барање на царот Фердинанд II. А пак на барање на царот Леополд I, на крајот на истиот век, празникот бил проширен во сите земји под хабсбуршка власт. Во Општиот римски календар бил воведен од папата Климент X во 1670 година.