2 век
век / From Wikipedia, the free encyclopedia
2 век започнал на 1 јануари 101 година, а завршил на 31 декември 200 година. Се смета за дел од класичната антика.
На почетокот од овој век, Римското Царство го достигнало своето најголемо територијално проширување за време на владеењето на царот Трајан, но по неговата смрт тоа започнало полека да пропаѓа.[1] Ова бил век на проспоритет на империјата, а најпознат е по владеењето на Петте добри императори. За време на владеењето на царот Адријан, Евреите биле протерани од Ерусалим по Востанието на Бар Кохба. Последната четвртина од векот го означила крајот на периодот на мир и просперитет, познат како Pax romana, со смртта на царот Марко Аврелиј, последениот од Петте добри императори и доаѓањето на власт на царот Комод.
Иако во текот на првата половина од овој век Хан династијата во Кина цврсто се држела на власт и го проширила своето царско влијание во Средна Азија, во втората половина од векот владеела широко распространета корупција и избувнало Востанието на жолтите турбани. Овие превирања постепено довеле до конечниот пад на династијата во 220 година.[2]