313
| Римските совладетели Константин I и Лициниј го издаваат Миланскиот едикт со кој гарантираат верска толеранција. Со тоа запираат вековните прогони на христијаните.
|
1894
| Пуштена е во сообраќај железничката линија Битола - Солун.
|
1944
| Втора светска војна: Германија започна да го бомбардира Лондон со ракети „Фау-1“ (V-1).
|
1956
| Последните британски трупи ги напуштија базите кај Суецкиот Канал, препуштајќи му го, по 74 години, овој воден пат на Египет.
|
1973
| Во Париз, САД, Северен Виетнам, Јужен Виетнам и ослободителното движење Виетконг потпишаа Договор за прекин на огнот.
|
1983
| Американското вселенско летало Пионир 10 ја помина орбитата на Нептун. Тој претставува првото вселенско летало од Земјата кое го напуштило Сончевиот Систем.
|
1993
| Ким Кемпбел стана прва жена премиер во историјата на Канада.
|
2017
| Излегол последниот број на дневниот весник „Дневник“. |