129. источен меридијан
меридијан / From Wikipedia, the free encyclopedia
129. источен меридијан (129° ИГД) — меридијан кој се протега 129 степени источно од Гринич, од Северниот Пол, преку Северноледениот Океан, Азија, Австралија, Индискиот Океан, Јужниот Океан и Антарктикот до Јужниот Пол.
Овој меридијан образува голема кружница со 51. западен меридијан.
Во Австралија, 129. источен меридијан ја исцртува источната граница на Западна Австралија и западните граници на Северната Територија и Јужна Австралија. Тромеѓата е сместена во пресекот со 26. јужен напоредник и се нарекува „Агол на Главниот земјомер“ (Surveyor General's Corner).[1]