’Рт Хорн
From Wikipedia, the free encyclopedia
’Ртот Хорн [1] ( шпански: Cabo de Hornos) е најјужната точка на архипелагот Огнена Земја (во јужниот дел на Чиле) која се наоѓа на Островот Хорн. Честопати ’Ртот Хорн се наведува како најјужната точка на Јужна Америка,[1] но сепак Островите Диего Рамирес се наоѓаат појужно од него. ’Ртот Хорн ја претставува северната граница на Дрејковиот Премин и го означува местото каде што се спојуваат Атлантскиот и Тихиот Океан.
Кратки факти ’Рт Хорн, Географија ...
’Рт Хорн | |
---|---|
Cabo de Hornos | |
Географија | |
Земја | Чиле |
Регион | Магаљанес и Чилеански Антарктик |
Затвори