Геологија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Геологија — наука за настанувањето, градбата и составот на Земјата, наука за процесите и пројавите што настанувале и настануваат на површината од Земјата и во нејзините длабочини. Научниците коишто се занимаваат со проучувањето на оваа наука се викаат геолози. Зборорот „геологија“ за првпат го употребил Жан Андре Делик (1727 — 1817) во 1778 година, а терминолошки го дефинирал Хорас Бенедикт од Сосура (1740 — 1799) во 1779.