Векторска графика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Векторската графика — употреба на примитиви како точки, линии, криви и фигури или многуаголници, сите засновани на математички равенки, со цел да се претстават слики и сметачка графика.
Векторски графички формати се комплементарни со растерската графика, која претставува приказ на слики со помош на поле од пиксели, како што честопати се користи за приказ на фоографски слики.[1] Постојат случаи кога е најдобро да се работи со векторски алатки и формати, и случаи кога е најдобро да се работи со растерски алатки и формати. Понекогаш двата формата одат заедно. Ефикасната и делотворна употреба на алатките бара познавање на предностите и органичувањата на секоја од овие технологии.