Штралзунд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Штралзунд (германски: Stralsund) — град во Мекленбург-Западна Померанија, Германија, се наоѓа на јужниот брег од Штрелазунд (мореуз во Балтичкото Море, кој го раздвојува островот Риген од копното).[2]
Штралзунд | |
Стариот град на Штралзунд погледнат од црквата Пресв. Богородица | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Риген |
Градоначалник | Александар Бадров (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 38,97 км2 |
Надм. височина | 13 м |
Население | 59.205 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 1.519 жит/км2 |
Основано | 1234 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HST |
Пошт. бр. | 18435, 18437, 18439 |
Повик. бр. | 03831 |
Портал | www.stralsund.de |
Местоположба на градот Штралзунд во рамките на округот Западна Померанија-Риген | |
Координати | 54°18′N 13°5′E |
Двата моста (Rügendamm и од октомври 2007 новиот мост) и неколку фериботски услуги го поврзуваат Штралзунд со островот Риген.[2] Поранешниот слободен град, тој е главен град на новиот округ Западна Померанија-Риген од административната реформа во септември 2011.
Од 2002, стариот град на Штралзунд е прогласен за светско културно наследство, заедно со Висмар. Заедно со Грајфсвалд, Штралзунд создава еден од четирите високоурбани центри на Мекленбург-Западна Померанија.
Главни индустрии на Штралзунд се бродоградбата, рибарството, машинската индустрија и со растечко ниво, туризмот, бионауките, услугите и информатичката технологија.