Шпанско-американска војна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шпанско-американска војна во 1898 година произлегла од настаните во Куба, која заедно со Порторико претставувала практично сè што останало од некогаш огромната шпанска американска империја. Кубанците се спротивставиле на шпанското владеење уште во 1868 година, но иако многу Американци ги симпатизирале Кубанците, Соединетите Држави не интервенирале. Но, во 1895 година, „жолтиот печат“ на Вилијам Рандолф Херст и Џозеф Пулицер, кои биле обземени од бескрупулозната меѓусебна борба за тираж во Њујорк, почнале накитено да известуваат, и создале впечаток дека Шпанците ги извеле сите свирепости во Куба.[1] Емигрантите на Куба во САД ѝ давале поддршка на Кубанската револуционерна партија (чиј штаб бил во Њујорк) и помогнале да се прослави нивниот водач, Хосе Мартин, кој бил убиен во Куба во 1895 година. Подоцна, Американците формирале клубови за поддршка на каузата на Cuba Libre (Слободна Куба).