Шахрух
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шахрух (20 август 1377 - 13 март 1447) или Шахрух Мирза [1] бил тимуридски владетел на источниот дел на царството што ја создал неговиот татко, големиот освојувач, Тамерлан во Средна Азија. Шахрух бил четвртиот и најмладиот син на Тамерлан. По смрта на неговиот татко, царството се распаднало, а различни племиња и воени водачи се натпреваруваат за доминација. Туркменските Кара Којунлу (Црна Овца) во 1410 година го уништиле западниот дел на Тамерлановото царство и го освоиле Багдад. Меѓутоа, Шахрух во Персија и Трансоксијана ја воспотавил својата власт во 1409 година. Неговата држава ги контролирала главните трговски патишта меѓу Истокот и Западот, вклучувајќи го и легендарниот Пат на свилата, а Шахрух станал енормно богат. Шахрух за своја претолнина го избрал градот Херат. Шахрух бил голем заштитник на уметноста и науката.