Шарли Ебдо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шарли Ебдо (француски: Charlie Hebdo, Неделник „Шарли“) — француски неделен сатиричен весник,[3] во кој се објавуваат карикатури, извештаи, полемики и шеги. Списанието е препознатливо по својот тон со кој не покажуваат никаква почит спрема религијата и строго неконформистички став. Се опишува себеси како силно антирасистичко, антиверско, и левичарско, па така често објавува статии против крајната десница, религијата[4] (католицизмот, исламот, јудаизмот), политиката, културата итн. Според поранешниот уредник Стефан Шарбонје „Шарб“, уредничката гледна точка на списанието е да ги одразува „сите компоненти на плурализмот на левото крило, па дури и апстинентите“.[5]
Лого на неделникот Шарли Ебдо | |
Тип | сатирично неделно списание |
---|---|
Формат | списание |
Уредник | Жерар Бијар |
Основан | 1970[1] |
Политичка определба | левичарско |
Престанал | 1981 |
Обновен | 1992 |
Седиште | Париз, Франција |
Тираж | 45.000[2] |
ISSN | 1240-0068 |
Страница | charliehebdo.fr |
Списанието било мета на два терористички напади, еден во 2011 и еден во 2015 година, за кои се претпоставува дека се одговор на објавувањето на голем број на контрoверзни карикатури со пророкот Мухамед. За време на вториот напад, 12 лица беа убиени, вклучувајќи го и Шарбонје и неколкумина новинари (карикатуристи).