Шангајска кула
облакодер во Шангај, Кина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Шангајска кула (упр. кин.: 上海中心大厦; трад. кин.: 上海中心大廈; пинјин: Shànghǎi Zhōngxīn Dàshà; шангајски: Zånhe Tsonshin Dasa; букв.: "Шангајска централна зграда") — 128-катен облакодер висок 632 метри, кој се наоѓа во Шангај.[10] Таа е втората највисока зграда во светот и го дели рекордот (со Финансискиот центар Пинг Ан) за највисок светски видиковец, со висина од 562 метри.[11] Исто така, го држела рекордот за најбрз лифт, достигнувајќи брзина до 20,5 метри во секунда (74 км/ч) до 2017 година,[12][13] кога рекордот го презеле лифтовите на финансискиот центар Гуангџоу, со максимална брзина од 21 метар во секунда (76 km/h).[14] Зградата ја дизајнирало претпријатието Генслер, моментално е во сопственост на општинската управа на Шангај и е највисоката од првите светски трократно соседни супер-високи згради во областа Пудонг, додека другите две се кулата Јин Мао и Шангајскиот светски финансиски центар. Скалестата конструкција на зградата дизајнирана за висока енергетска ефикасност обезбедува девет посебни зони поделени помеѓу канцеларии, малопродажни објекти и објекти за забава.[15]
Шангајска кула | |
---|---|
上海中心大厦 Shànghǎi Zhōngxīn Dàshà' | |
Шангајската кула во 2015 | |
Поранешни називи | Шангајски центар |
Општи податоци | |
Статус | Completed |
Вид | мешано користење |
Место | Јинченг мидл роуд 501, Луѓаѕуеј, Пудонг, Шангај |
Координати | 31°14′08″N 121°30′04″E |
Почната | 21 ноември 2008 |
Завршена | 2 септември 2014 |
Отворена | 2 февруари 2015 |
Трошок за изградба | 15,7 милијарди јуани |
Сопственик | Shanghai Tower Construction and Development |
Висина | |
Архитектонска | 632 м |
Завршеток | 632 м |
Последен кат | 587,4 м (127. ниво)[1] |
Видиковец | 562 м (121. ниво)[2] |
Технички податоци | |
Катови | 128 над земја 5 под земја |
Подна површина | 380,000 m2 (4,090,300 sq ft) above grade 170 m2 (1,800 sq ft) below grade |
Лифтови | 97, обезбедени од Мицубиши електрик |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Маршал Стабала & Ѓуен Сја (Генслер) ТЈАД |
Инженер | Торнтон Томазети Cosentini Associates I.DEA Ecological Solutions |
Главен изведувач | Шангај констракшен груп |
Наводи | |
[3][4][5][6][7][8][9] |
Изградбата на кулата започнала во ноември 2008 година[10] и го достигнала врвот на 3 август 2013 година. Надворешноста била завршена во летото 2015 година,[9][15] додека целокупната изградба била завршена во септември истата година. Иако првично било планирано зградата да биде отворена за јавноста во ноември 2014 година, конечниот датум на отворање постојано се одложувал. Видиковецот бил отворен за посетители во јули 2016 година; периодот од јули до септември 2016 година се сметал за „пробен“ или „период на пуштање во работа“.[16][17] Од 26 април 2017 година, видиковецот на 118. кат бил отворен за јавноста.[18] Од отворањето на кулата имало значителни проблеми со одржувањето, додека најголемиот дел од просторот во внатрешноста на зградата останал непополнет.
Шангајската кула ја освоила наградата Тиен-јоу Џем за градежно инженерство за 2018 година.[19]