Чилеански државен удар (1973)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чилеанскиот државен удар од 1973 година[1][2] ― воен удар во Чиле со кој била соборена владата на Народното единство на претседателот Салвадор Аљенде. Аљенде бил прв марксист избран за претседател во Латинска Америка.[2] На 11 септември 1973 година, по подолг период на социјални немири и политичка тензија помеѓу Конгресот контролиран од опозицијата и социјалистичкиот претседател, како и економска војна наредена од претседателот на САД Ричард Никсон,[3] група воени офицери предводени од генералот Аугусто Пиноче со државен удар ја презеле власта.
Чилеански државен удар од 1973 г. | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Студена војна | |||||||
Од горе надолу, Бомбардирањето на Ла Монеда на 11 септември 1973 година од страна на чилеанските вооружени сили, новинар и војници за време на пучот, затвореници и жртви на тортурата приведени на Националниот стадион
|
|||||||
|
На власт војскат поставила хунта која ги прекинала сите политички активности во Чиле и ги потиснала левичарските движења, особено комунистичките и социјалистичките партии и Револуционерното лево движење (МИР). Една година по државниот удар Пиноче се стекнал со врховна власт и бил формално прогласен за претседател на Чиле кон крајот на 1974 година.[4] Администрацијата на Никсон, која работела на создавање услови за државен удар,[5][6][7] веднаш ја признала владата на хунтата и ја поддржала во консолидирањето на моќта.[8]
Превратот го означил почетокот на насилната, постојана кампања за политичко потиснување преку тортура, убиства и егзил, за да се ослаби левичарската опозиција ва режимот на Пиноче во Чиле.[9][10]