Чикаго (филм)
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Чикаго“ (англиски: [Chicago] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) — американски филм (од жанрот мјузикл) од 2002 година, во режија на Роб Маршал (негов прв филм), а произведен од „Miramax Films“. Филмот првпат почнал да се прикажува на 27 декември 2002, во ограничен број на градови, а пошироко почнал да се прикажува на 24 јануари 2003. Филмот е адаптација на сатиричниот театарски мјузикл, истражува теми на гламурот и скандалот во Чикаго во ерата на џезот. Филмот е снимен според успешниот мјузикл на Боб Фоси, односно на театарската претстава на Морин Далас Воткинс од крајот на 1970-тите. Режисер и кореограф на филмот е Роб Маршал, а сценариото го напишал Бил Кондон. Главните улоги ги играат: Кетрин Зета-Џонс, Рене Зелвегер, Ричард Гир, Квин Латифа, Џон С. Рејли, Луси Лиу, Теј Дигс, Колм Феоре, Кристине Барански и Доминик Вест. За одбележување е тоа што сите глумци самостојно ги играат и пеат своите точки, иако некои од нив, како Рене Зелвегер, претходно немале никакво искуство во пеењето и танцувањето. Во 2003 година, филмот имал 12 номинации за „Оскар“, а освоил шест, вклучувајќи и „Оскар“ за најдобар филм.[2] Овој филм е првиот мјузикл што ја добил наградата за најдобар филм по филмот „Оливер!“ во 1968 година.
„Чикаго“ | |
---|---|
Филмскиот плакат | |
Режисер | Роб Маршал |
Продуцент | Боб Вејнстејн Харви Вејнстејн Крег Зедан Мартин Ричардс |
Сценарист | Маурин Ваткинс Боб Фоси Бил Кондон |
Главни улоги | Рене Зелвегер Кетрин Зита-Џонс Ричард Гир Квин Латифа Џон Рејли Кристин Барански Тај Дигс Луси Лу |
Музика | Дени Елфмен |
Кинематографија | Дион Биби |
Монтажа | Мартин Валш |
Дистрибутер | „Miramax Films“ |
Премиера | 27 декември 2002 |
Времетраење | 113 минути |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Буџет | $45 милиони |
Бруто заработка | $306.776.732[1] |