Чакана
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чакана бил симболот на митологијата и религијата на Инките. Во останатите религии и митологии, ваквите симболи се познати како „дрво на светот“, „дрво на животот“, „тркало на животот“ и слично. Симболот е во вид на скалест крст кој има квадратни полиња што симболизираат стадиуми на земскиот живот и божествениот свет. Полињата на три нивоа или три нивоа на опстојување познати како: Ханан Пача или горниот свет на боговите, средниот е Кај Пача или секојдневниот свет и Уку или Урин Пача или светот на подземјето, свет на демони и духови од предците но и богови. Дупката во средина е оска преку која шаманот поминувал од едно ниво во друго. Исто така центарот го претставува Куско како центар на империјата.