Чавка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чавка (науч. Corvus monedula) — врапчевидна птица од семејството на враните (Corvidae). Распространета е низ Европа, вклучувајќи ја и Македонија, западна Азија и Северна Африка и обично е постојан жител, додека посеверните популации се птици преселници кои зимуваат на југ. Има четири подвида кои се разликуваат главно по обоеноста на пердувите на главата и тилот. Карл Лине прв го опишал видот, давајќи му го научниот назив Corvus monedula. Долга е 34-39 см, со црно перје и сив тил, со впечатливи светлосиви очи. Таа е дружељубива птица која се собира во помали јата со комлексна социјална структура, во отворени шуми, на крајбрежни гребени и во урбани средини. Чавката е сештојад и опортунист во исхраната, јаде широк спектар растителна храна и безрбетници, како и отпадоци од луѓето. Моногамни птици се, што гнездото го прават во дупките на дрвјата, гребените или зградите. Женката несе и лежи 5 светлосини или зелени јајца испрскани со кафеаво, а младенчињата се оперјуваат по 4-5 недели.
Чавка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Врани |
Род: | Corvus |
Вид: | Чавка |
Научен назив | |
Corvus monedula (Linnaeus, 1758) | |
зелено - постојан жител, светлозелено - лето сино - зимување | |
Синоними | |
Coloeus monedula Linnaeus, 1758 |