Црква „Света Ирина “ - Истанбул
From Wikipedia, the free encyclopedia
Црквата Света Ирина (турски: Aya İrini) е поранешен христијански храм, денеска претворен во музеј, кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Денешниот музеј се наоѓа во дворот на Топкапи-сарај. Била изградена во 4 век во времето на Константин I Велики.
Кратки факти Света Ирина Αγία Ειρήνη(грчки)Aya İrini(турски), Координати ...
Света Ирина Αγία Ειρήνη(грчки) Aya İrini(турски) | |
---|---|
Поглед кон Света Ирина | |
Координати | 41°0′35″N 28°58′52″E |
Место | Истанбул, Турција |
Проектант | непознато |
Тип |
|
Материјал | бел камен, тула |
Започнат | 4 век |
Завршен | 6 век |
Посветен на | Божјиот мир |
Затвори
Се смета дека оваа црква била првата која била изградена во Византија. Во 532 година за време на нередите во Ника, таа била запалена, но многу брзо повторно била обновена од страна на Јустинијан I. По падот на Цариград, најверојатно поради блискоста си со Света Софија и Султанахмедовата џамија, таа не била претворена во џамија но била користена како магацин за оружје. Од 1846 година била претворена во музеј.