Црвеноклуна галица
From Wikipedia, the free encyclopedia
Црвеноклуната галица (науч. Pyrrhocorax pyrrhocorax) е врапчевидна птица од семејството на враните (Corvidae), еден од двата вида на родот галици (Pyrrhocorax). Нејзините осум подвида се размножуваат низ планините и крајбрежните грбени од западниот брег на Ирска и Велика Британија, на исток низ јужна Европа и северна Африка до централна Азија, Индија и Кина. Оваа птица порано била распространета и низ Македонија, но сега кај нас повеќе не се размножува.
Кратки факти Црвеноклуна галица, Заштитен статус ...
Црвеноклуна галица | |
---|---|
Подвид P. p. barbarus на Канарски Острови | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Врапчевидни |
Семејство: | Врани |
Род: | Галици |
Вид: | Црвеноклуна галица |
Научен назив | |
Pyrrhocorax pyrrhocorax (Linnaeus, 1758) | |
Приближната распространетост е претставена со зелено |
Затвори
Таа има сјајни црни пердуви и долг надолу свиен црвен клун, црвени нозе и гласен, ѕвонлив повик. Лета со лебдење и раширени примарни пердуви на крилјата. Се спарува за цел живот и живее на истата територија.