Цар на Светото Римско Царство
владетел на Светото Римско Царство / From Wikipedia, the free encyclopedia
Цар на Светото Римско Царство (латински: Romanorum Imperator) или Римско-германски цар (германски: Römisch-deutscher Kaiser) или поразговорно „свет римски цар“ — владетел на Светото Римско Царство по системот на изборна монархија. До XV век морал да биде крунисан од папата пред да ја добие титулата. Во феудалната хиерархија на средновековна Европа, царот бил „прв меѓу еднаквите“ (primus inter pares) во однос на останатите католички владетели.
Поимот „свето Римско Царство“ со кое владеел царот се однесува на неговиот формален статус како заштитник на римокатоличката вера. Титулата е наследена од времето на германските владетели на Западното Римско Царство, чија вистинска црковна власт замрела со подемот на папството.