Царство Гупта
поранешна држава во Индија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Царство Гупта ― древно индиско царство кое постоело од почетокот од 4 век до почетокот од 6 век. Во својот зенит, приближно од 319 до 467 година, зафаќало голем дел од Индискиот Потконтинент. Овој период историчарите го сметаат за златно доба на Индија.[6] Владејачката династија на царството била основана од Гупта, а најзначајни владетели од оваа династија биле Чандрагупта I, Самудрагупта, Чандрагупта II и Скандагупта. Санскритскиот поет Калидаса од 5 век навел дека Гупта освоиле дваесет и едно кралство, во и надвор од Индија, меѓу кои и персиските, хунските и камбоџанските кралства, племињата сместени по течението на реката Аму Дарја и други.[7] [8] [9]
Царство Гупта | |||||
Царство | |||||
| |||||
---|---|---|---|---|---|
Карта на Царството Гупта околу 420 година, според Џозеф Е. Шварцберг, со современите политики[1] | |||||
Главен град | Паталипутра Ајодја[2][3] | ||||
Јазици | Санскрит (книжевен и академски); Пракрит (обичен говор) | ||||
Вероисповед | |||||
Уредување | Монархија | ||||
Цар | |||||
- | ок. крај на 3 век | Гупта (прв) | |||
- | ок. 540 – ок. 550 CE | Вишнугупта | |||
Историски период | Древна Индија | ||||
- | Основана | 4-ти век | |||
- | Замрела | 6-ти век | |||
Површина | |||||
- | 400 г. (проценка) [4] | 3500000 км² | |||
- | 440 г. (проценка) [5] | 2500000 км² | |||
За време на владеењето на Самудрагупта, Чандрагупта II и Кумарагупта I имало голем културен напредок во државата. Многу хиндуистички епови и книжевни списи, како Махабхарата и Рамајана, биле создадени во овој период.[10] Во царството работеле научници како Калидаса,[11] Арјабхата, Варахамихира и Ватјајана, кои прилично напреднале многу академски области.[12] [13][14] Во овој период имало извонредни достигнувања во архитектурата, вајарството и сликарството кои „поставија стандарди на формата и вкусот [кои] потоа го определија целиот тек на уметноста, не само во Индија туку и многу подалеку од нејзините граници“.[15] Поради силните трговски врски, регионот бил важен културен центар кој своето влијание го проширил на блиските кралства и региони во Индија и Југоисточна Азија.[16] Хиндуизмот процветал во Царството Гупта, но династијата Гупта била толерантна кон луѓето од други вери.[17]
Царството пропаднало поради различни фактори како значителната загуба на територија, но и поради инвазијата на Хуните (Кидарити и Алхон Хуни) од Средна Азија.[8] [18] По распадот на Царството Гупта во 6 век, на територијата на Индија повторно се појавиле многу регионални кралства.