Цар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Цар' (бугарски: цар, руски: царь, украински: цар, хрватски: car, српски: цар/car, во научната транслитерација car) и повремено спелуван како csar или Tzar на англиски е термин со потекло од латинскиот термин Cæsar (цезар или кајзер) значи Император во европската средновековна смисла на зборот, т.е., владетел кој тврди дека го има истиот ранг како Римскиот цар, со одобрение на друг император или врховен еклезијастички претставник (Папата или Екуменскиот Патријарх).
Пред да ја прифатат римските цареви титулата Цезар или Кајзер, зборот “Кајзер/Kaisar", бил името што му е дадено на третиот крал од Медејците (денешните Курди), Кијаксар, 625-585 п.н.е. Од древни времиња, во курдскиот јазик, името Кијаксар имало различни значења и изговори, вклучувајќи го името Кеј-Касро, кое се користи од Курдите како име за личност. Тоа буквално значи „крал“, кој е автократ.
Наспроти соодветниот латински збор "imperator", византискиот грчки термин basileus беше користен различно во зависност од тековниот политички контекст или од историскиот или библискиот контекст. Во историјата на грчкиот јазик, зборот басилеус/василевс оригинално значеше нешто како „моќник“ (potentate = суверен, монарх) и постепено се доближи до значењето на зборот „крал“ во Хеленистичкиот период, па се користеше за да означи „император“ во почетокот на Римското Царство. Како последица на тоа, византиските извори продолжија да ги нарекуваат древните кралеви со "basileus", дури и во случаите кога тој збор почна да значи „император“, зашто се однесуваше на современите монарси (додека не беше применет на западните европски кралеви, чија титула беше транслитерирана од латинското "rex" како ῥήξ, или на другите монарси чии именувања беа како архонт/ ἄρχων "водач", "главешина").
Повремено зборот се користи за да означи други, нехристијански, врховни владетели. Во Русија и Бугарија, империјалните придружни значења (т.е. конотации) во 19 век добил значење еквивалентно на зборот крал.
Оваа титула на врховен владетел се користела во следните европски земји:
- Бугарија во 913–1018, во 1185–1422 и во периодот 1908–1946
- Србија во 1346–1371
- Русија во 1547-1721 (заменета во 1721 со император, но остана во општа употреба сè до 1917).
Симеон Сакскобурготски, последниот Цар на Бугарија, е единствениот жив човек кој ја има словенската титула Цар.