Хомеотермија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хомеотермија ( грчки ὅμοιος - homoios = слично + θέρμη - thermē = топлина) или хомеотермност е форма на терморегулација со одржување стабилна температура на телото, без оглед на надворешната температура и другите влијанија. Оваа внатрешна телесна температура е често, иако не и неопходно, повисока од онаа на непосредната околина. Хомеотермијата е една од трите форми на топлокрвни животински видови - спротивно на поикилотермија . [1] [2][3][4][5]
Хомеотермите не се нужно ендотерми. Некои од нив можат да одржат постојана телесна температура преку механизми во однесувањето, т.е. етолошка терморегулација. Многу влекачи ја користат оваа стратегија. На пример, пустинските гуштери се извонредни во одржување на скоро константна температура, преку активности што ја одржуваат телесната температура, што е често околу еден или два степени пониска од нивните смртоносни критични температури.