Холандски Антили
From Wikipedia, the free encyclopedia
Холандски Антили (холандски: Nederlandse Antillen, папијаменто: Antia Hulandes[2]) — автономна составна земја на Кралството Холандија. Оваа автономна држава била составена од две групи острови, едните составени од Аруба, Курасао и Бонер во близина на Венецуела, а другата група составена од Саба, Свети Мартин и Свети Евстахиј во близина на Свети Кристофер и Невис.
Холандски Антили | ||||||
Nederlandse Antillen | ||||||
составна земја на Кралството Холандија | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Гесло латински: Libertate unanimus ("Обединети од слобода") | ||||||
Химна „Химна без наслов“ | ||||||
Главен град | Вилемстад | |||||
Јазици | холандски, англиски, папијаменто[1] | |||||
Уредување | уставна монархија | |||||
Крал | ||||||
- | 1954-1980 | Јулијана | ||||
- | 1980-2010 | Беатриса | ||||
Законодавство | Посед Холандски Антили | |||||
Историја | ||||||
- | Основана | 15 декември 1954 | ||||
- | Отцепување на Аруба | 1 јануари 1986 | ||||
- | Распад на Холандските Антили | 10 октомври 2010 | ||||
Површина | ||||||
- | 2001 | 800 км² | ||||
Население | ||||||
- | 2001 | 175653 | ||||
Густина | 219.6 жит/км² | |||||
Валута | гилдер | |||||
ВИД | .an | |||||
Повик. бр. | +599 | |||||
Холандските Антили почнале да се распаѓаат во 1986 година, кога Аруба излегла од федерацијата и станала посебна автономна држава во рамките на Кралството. На 10 октомври 2010 Холандските Антили целосно се распаднале и денес Кралството е составено од четири уставни држави и три јавни тела, нешто слично како специјални општини. Уставните држави се: Аруба, Курасао, Холандија и Свети Мартин, додека специјални општини се: Бонер, Саба и Свети Евстахиј кои се нарекуваат со заедничкото име Карипска Холандија.[3]