Хоенштајн-Ернстал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хоенштајн-Ернстал (германски: Hohenstein-Ernstthal) — град во округот Цвикау, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Градовите Хоенштајн и Ернстал биле обединети во 1898 година и градот е познат под ова име или едноставно нарекуван само Хоенштајн.
Кратки факти Земја, Местоположба на градот Хоенштајн-Ернстал во рамките на округот Цвикау ...
Хоенштајн-Ернстал | |
Поглед на Хоенштајн-Ернстал | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Цвикау |
Градоначалник | Ерих Хомилиус |
Основни податоци | |
Површина | 18,33 км2 |
Надм. височина | 355 м |
Население | 14.310 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 781 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | Z |
Пошт. бр. | 09337 |
Повик. бр. | 03723 |
Портал | www.hohenstein-ernstthal.de |
Местоположба на градот Хоенштајн-Ернстал во рамките на округот Цвикау | |
Координати | 50°48′N 12°43′E |
Затвори
Градот се зголемил во XV век по пронаоѓањето на среброто и отворањето на рудниците. Ернстал бил именуван во чест на Август Ернст фон Шенбург.
Физичарот Готхилф Хајнрих фон Шуберт и пронаоѓачот Кристоф Готлиб Шретер биле родени во Хоенштајн. Писателот Карл Мај е роден во Ернстал. Неговата родна куќа сега е музеј.
Исто така, познат е и по тркачката патека Заксенринг.