Херпес
From Wikipedia, the free encyclopedia
Херпес на уста или раничка од настинка и температура е предизвикан од локална вирусна инфекција, која дава типични болни меурчиња на усните, а поретко и во устата. При првиот контакт со вирусот настанува примарната инфекција (обично во детството), која се манифестира со висока температура, воспаление на слузницата на образите и на грлото. По смирувањето на примарната инфекција вирусот останува во латентна форма во нервните корени, блиску до нападнатата регија на кожата. прекумерна изложеност на ултравиолетови зраци можат да испровоцираат повторна појава на херпесот. Повторуваните херпеси на устата обично поминуваат за 8 до 10 дена. Најголем дел од луѓето се инфицирани со херпес симплекс вирусот уште во детството. Повремена појава на херпес на устата покажува дека вирусот е присутен, дури и ако не постојат податоци за примарната инфекција во детството. Примарната херпетична инфекција, се манифестира со висока температура, болни, отечени и отворени ранички на непцата и слузницата на образите (стоматитис) и многу болно воспаление на грлото (фарингитис).
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Херпес на усните е многу честа вирусна инфекција која ги следи одредените состојби на телото и најчесто се јавува како придружна појава на инфекции кои го нарушуваат имунитетот, за време на тешкиот период на менструација, стрес, страв, вознемиреност или нервоза.Примарна инфекција обично се случува за време на детството, додека реактивирање на вирусот може да се случи дури и во годините подоцна. По првата инфекција, вирусот останува во нервните клетки и може да се активира периодично, предизвикувајќи повторна појава на симптомите – обично на истото или приближно истото место. Херпес на усните е заразен и обично се пренесува преку плунка, бакнување, кашлање или кивање, како и со заразена храна и со пијалак. Носителот на вирусот може да пренесе херпес на друго лице, дури и кога плускавците не се присутни, но најголем ризик од инфекција е моментот кога ќе се појават меурчиња до појавата на красти. HSV-1 вирусот може да се пренесе преку орален секс и на тој начин да предизвика генитален херпес.