Хенри Лонгфелоу
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хенри Водсворт Лонгфелоу (англиски: Henry Wadsworth Longfellow, 27 февруари 1807 – 24 март 1882) бил американски поет и професор. Лонгфелоу е познат по поемите „Јавањето на Пол Реверс“ и „Евангелина“. Лонгфелоу е познат во книжевноста поради фактот што е првиот Американец кој ја превел поемата „Божествена комедија“ од Данте Алигиери. Лонгфелоу е еден од т.н. домашни поети - група на поети поврзани со Нова Англија.
Хенри Водсворт Лонгфелоу | |
---|---|
Фотографија на Лонгфелоу, сликана од Џулија Маргарет Камерон во 1868 | |
Роден/а | 27 февруари 1807(1807-02-27) Портланд, Мејн |
Починат/а | 24 март 1882(1882-03-24) (возр. 75) Кембриџ, Масачусетс |
Занимање | поет професор |
Апсолвент на | Колеџ Боудин |
Сопруг/а | Мери Сторер Потер Франсис Елизабет Еплтон |
Деца | Чарлс Еплтон Лонгфелоу Ернест Водсворт Лонгфелоу Фани Лонгфелоу Елис Мери Лонгфелоу Едит Лонгфелоу Ен Елгра Лонгфелоу |
Потпис |
Лонгфелоу е роден во Портланд, денес во сојузната држава Мејн а тогаш во американската сојузна држава Масачусетс.[1] Тој се образувал на колеџот „Боудин“, а подоцна своето образование го продолжил на колеџот „Харвард“. Претходно поминал извесен период во Европа. Неговата прва голема збирка поеми била збирката „Гласови на ноќта“ од 1839 година и „Балади и други поеми“ од 1841 година. Во 1854 година се пензионирал од предавање и се посветил на своето пишување. Остатокот од својот живот го живеел во домот на Лонгфелови, куќа која своевремено била и револуционерно воено седиште на Џорџ Вашингтон во Кембриџ во Масачусетс. Неговата сопруга Мери Потер умрела во 1835 година, а неговата втора сопруга Франсес Еплтон умрела во 1861 година од изгореници од пожар. По нејзината смрт Лонгфелоу имал потешкотии да пишува поезија и се посветил на преводот на дела од странски јазици. Лонгфелоу умрел во 1882 година.
Лонгфелоу напишал голем број лирски песни, познати по својата музикалност и често претставувале прикажни од митологијата или легенди. Тој станал најпопуларен поет во своето време, а воедно бил доста успешен и надвор од САД. Сепак, неговите современици го критикувале дека имитира европски стилови и пишува за општата маса на народ.