Хелсинки
главен град на Финска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хелсинки (фински: Helsinki; шведски: Helsingfors) — главен и најголем град во Финска. Се наоѓа во регионот Усима, сместен во јужниот дел на Финска, на брегот на Финскиот Залив, дел од Балтичкото Море. Хелсинки има 616.042 жители во самиот град,[2][3] додека во пошироката област живеат 1.176.976 жители (31 декември 2012 г.)[4] и метрополитенско население од 1,4 милиони, правејќи го најголем град и урбана област во Финска. Хелсинки се наоѓа на 80 километри северно од Талин, Естонија, 400 километри североисточно од Стокхолм, Шведска и 300 километри западно од Санкт Петербург, Русија. Хелсинки имал слична историја со овие три града и е многу поврзан со нив.
Хелсинки Helsinki – Helsingfors | |||||
---|---|---|---|---|---|
Град | |||||
Helsingin kaupunki Helsingfors stad | |||||
Хелсиншка катедрала, најголемата знаменитост на градот | |||||
| |||||
Прекар(и): Стади, Хеса[1] | |||||
Земја | Финска | ||||
Регион | Усима | ||||
Подрегион | Хелсинки | ||||
Повелба | 1550 | ||||
Главен град | 1812 | ||||
Управа | |||||
• Градоначалник | Јуси Пајунен | ||||
Површина | |||||
• Градска | 770,14 км2 (29,735 ми2) | ||||
• Метро | 3.697,61 км2 (142,766 ми2) | ||||
Население | |||||
• Густина | 0/км2 (0/ми2) | ||||
• Градскo | 1.172.739 | ||||
• Градска | 1.522,8/км2 (39,440/ми2) | ||||
• Метро | 1.495.271 | ||||
• Метро | 404,4/км2 (10,470/ми2) | ||||
Демоним | helsinkiläinen (фински) helsingforsare (шведски) | ||||
Час. појас | EET (UTC+02:00) | ||||
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+03:00) | ||||
Мреж. место | www.hel.fi |
Метрополитенската област на Хелсинки го вклучува урбаното јадро на Хелсинки, Еспо, Ванта, Каунијаинен и околните градови.[5] Претставува најсеверната метрополитенска област со над еден милион жители во светот, а Хелсинки е најсеверниот главен град на земја членка на Европската унија. По Копенхаген и Стокхолм, тој е третиот најголем град во нордиските земји.
Хелсинки е главен политички, образовен, финансиски, културен и истражувачки центар на Финска, како и еден од поголемите градови во северна Европа. Околу 70 % од странските претпријатија во Финска имаат седиште во областа Хелсинки.[6] Во соседниот град Ванта се наоѓа Хелсиншкиот аеродром, со чести врски до различни одредишта во Европа и Азија.
Во истражување на списанието „Економист“ во август 2012 година за најдобрите и најлошите градови за живеење, Хелсинки го зазел осмото место.[7] Во 2011 година, списанието Monocle го сместил Хелсинки за најдобар град за живеење во светот според неговиот индекс на градови.[8]