Хари Кјуел
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хари Кјуел (роден на 22 септември 1978 во Сиднеј) — австралиски фудбалски тренер, и поранешен играч од средниот ред. Моментално работи како асистент тренер во Селтик.[4]
Хари Кјуел | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Харолд Кјуел | ||
Роден на | 22 септември 1978(1978-09-22) (45 г.)[1] | ||
Роден во | Сиднеј, Австралија[2] | ||
Држава | Австралија | ||
Висина | &100000000000001800000001,80 м[3] | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | крило | ||
Сегашен клуб | Селтик (асистент тренер) | ||
Повлекување | 26 март 2014 (35 г.) | ||
Младинска кариера | |||
Маркони Сталионс | |||
Лидс Јунајтед | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1996-2003 | Лидс Јунајтед | 181 | (45) |
2003-2008 | Ливерпул | 93 | (12) |
2008–2011 | Галатасарај | 63 | (22) |
2011–2012 | Мелбурн Виктори | 25 | (8) |
2012–2013 | Ал-Гарафа | 3 | (1) |
2012–2013 | Мелбурн Харт | 16 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
1994-1995 | Австралија 17 | 10 | (1) |
1997 | Австралија 20 | 3 | (0) |
1996-2012 | Австралија | 58 | (17) |
Раководител на екипите | |||
2015-2017 | Вотфорд (тим под 23 години) | ||
2017-2018 | Кроули Таун | ||
2018 | Нотс Каунти | ||
2020-2021 | Олдам Атлетик | ||
2021 | Барнет | ||
2022- | Селтик (асистент) | ||
† Учества (Голови). |
Во својата долга кариера, која траела речиси 20 години, Кјуел играл за само шест екипи Лидс Јунајтед, Ливерпул, Галатасарај, Мелбурн Виктори, Ал-Гарафа и Мелбурн Харт. Неговот најголем успех во клупскиот фудбал со сигурност е освојувањето на Лигата на шампионите со Ливерпул во 2005 година.
Како трикратен добитник на наградата Фудбалер на годината на Океанија, Кјуел, исто така, се смета за најдобриот и најталентираниот играч на австралиската репрезентација на сите времиња.[5][6][7][8] Наречен The Jewel (скапоцен камен), поради неговата суперфина техника, но и поради неговата кревкост, тој го имал своето деби за репрезентацијата во 1996 година и одиграл 58 натпревари постигнувајќи 17 гола. Играл за Австралија на Светското првенство 2006, Светското првенство 2010, Купот на конфедерации во 1997 година, Азискиот куп 2007 и Азискиот куп 2011, последното загубено во финалето од Јапонија.