Ханс Закс
германски мајстор-пејач, поет, драматург и чевлар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ханс Закс (германски: Hans Sachs; 5 ноември 1494 – 19 јануари 1576 ) — германски мајстор-пејач („мајстерзингер“), поет, драматург и чевлар, истакнат книжевен деец на реформацијата. Застапен е како главен лик во две познати опери — „Ханс Закс“ (1840) од Алберт Лорцинг и „Нирнбершките мајстори-пејачи“ (1868) на Рихард Вагнер.