Хановер (покраина)
пруска покраина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хановер (германски: Provinz Hannover) — покраина на Кралството Прусија и на Слободната Држава Прусија од 1868 до 1946 година.
Покраина Хановер Provinz Hannover | ||||||
Покраина на Прусија | ||||||
| ||||||
| ||||||
Покраината Хановер (црвено), во рамките на Кралството Прусија, кое било дел од Германското Царство | ||||||
Главен град | Хановер 52°22′N 9°43′E | |||||
Историја | ||||||
- | Основана | 1868 | ||||
- | Укината | 1946 | ||||
Површина | ||||||
- | 1939 | 38.705 км2 | ||||
Население | ||||||
- | 1939 | 3.537.390 жит. | ||||
Густина | 91,4 жит/км2 | |||||
Управни единици | Аурих Хановер Хилдесхајм Линебург Оснабрик Штаде | |||||
Во текот на Австриско-пруската војна, Кралството Хановер се обидело да одржи неутрална позиција, заедно со некои други членки на Германскиот Сојуз. Откако Хановер гласал за мобилизирање на силите на сојузот против Прусија на 14 јуни 1866 година, Прусија тоа го видела само како причина за објава на војна; Кралството Хановер наскоро се распаднало и било припоено од Прусија. Приватното богатство на Хановерската династија подоцна било користено од Ото фон Бизмарк за финансирање на напорите против Лудвиг II Баварски.
Во 1946 година, британската воена администрација повторно ја создала Државата Хановер заснована на поранешното Кралство Хановер; но помалку од година дена, на иницијатива на германското водство, заедно со државите Олденбург, Брауншвајг и Шаумбург-Липе ја основале новата сојузна покраина Долна Саксонија со седиште во градот Хановер.