Халоалкан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Халоалкани (алкилхалогенидите или алкилхалиди) — органски соединенија во кои еден атом на халоген елемент е поврзан со sp3 хибридизиран јаглероден атом. Поконкретно, јаглеродниот атом е дел од алкил група. Соединенијата, пак, во кои халоген атом е поврзан за sp2 хибридизиран јаглероден атом - арилхалогениди и винилхалогениди имаат сосема други физичко - хемиски својства. Соединенијата во кои халоген атом е поврзан со sp хибридизиран јаглероден атом се многу ретки и нестабилни.