Фудбалски куп на Италија 2020-2021
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалскиот куп на Италија за сезоната 2020-2021, познат и како ТИМ куп поради спонзорството, било 74-тото издание на националниот фудбалски куп во Италија.
Фудбалски куп на Италија 2020-2021 TIMVISION Cup 2020-2021 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Натпреварување | Фудбалски куп на Италија | ||||
Спорт | Фудбал | ||||
Издание | 74-то | ||||
Организатор | Лега Серија А | ||||
Период | од: 22 септември 2020 до: 19 мај 2020 | ||||
Држава | Италија | ||||
Учесници | 78 | ||||
Резултати | |||||
Шампион | Јувентус (14. титула) | ||||
Финалист | Аталанта | ||||
Статистика | |||||
Најдобар стрелец | Џанлука Скамака (4) | ||||
Одиграни натпревари | 79 | ||||
Постигнати голови | 233 (2,95 по натпревар) | ||||
Хронологија на натпреварувањето | |||||
|
Екипата на Наполи влегла во натпреварувањето како бранител на титулата, откако го победиле Јувентус по изведување на пенали во финалето од претходната сезона, но во оваа сезона не успеале да го одбранат насловот, откако биле елиминирани од Аталанта во полуфиналето.
Победник во ова издание на Купот на Италија била екипата на Јувентус, која ја победила екипата на Аталанта со 2-1 во финалето одиграно на стадионот Мапеи во Реџо Емилија. Стрелци на головите за победничката страна биле Дејан Кулушевски и Федерико Кјеза, додека единствениот гол за клубот од Бергамо го постигнал Руслан Малиновски.[1] Ова бил 14-тиот наслов за Јувентус во Купот на Италија со што тие останале на врвот по бројот на освоени титули во ова натпреварување, зголемувајќи ја својата предност во однос на Рома на 5 трофеи повеќе.