Фрејзер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фрејзер (англиски: Frasier) е популарна американска комедија чија главна ѕвезда е Келси Грамер, во улогата на психијатарот д-р Фрејзер Крејн. Келси Грамер ја има играно оваа улога околу дваесет години. Првата средба со ликот на д-р Фрејзер Крејн била во хит серијата Кафулето „На здравје“, која траела 11 сезони. По завршетокот на Кафулето „На здравје“, за овој лик била направена нова серија, а таа е Фрејзер, која што исто така има 11 сезони и е трет најпопуларен т.н. „спин-оф“ на сите времиња. Серијата е создадена и продуцирана од Дејвид Енџел, Питер Кејси и Дејвид Ли, во асоцијација со Парамаунт. Ова трио исто така ја создало и Кафулето „На здравје“. Серијата беше емитувана на Ен-Би-Си, од 16 септември 1993 до 13 мај 2004, и е една од најпопуларните и најгледаните серии на сите времиња, и кај гледачите, и кај критичарите. Има освоено рекордни 39 Еми награди.
Фрејзер | |
---|---|
Лого | |
Создадена од | Дејвид Енџел Питер Кејси Дејвид Ли |
Улоги | Келси Грамер Дејвид Хајд Пирс Џон Махони Џејн Ливс Пери Гилпин |
Земја на потекло | САД |
Бр. на епизоди | 265 |
Производство | |
Времетраење | 24 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | NBC |
Сликов формат | 480i (SDTV) |
Звучен формат | стерео |
Првично прикажување | 16 септември, 1993 – 13 мај, 2004 |