Фредерик Шопен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фредерик Францишек Шопен (полски: Fryderyk Franciszek Chopin, француски: Frédéric François Chopin; 1 март 1810[1], Желазова Вола – 17 октомври 1849, Париз) — полски[2] композитор за пијано од добата на романтизмот. Се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња.
Фредерик Шопен Fryderyk (Franciszek) Chopin Frédéric (François) Chopin | |
---|---|
Шопен во 1835 г. | |
Животописни податоци | |
Родено име | Фредерик Францишек Шопен |
Познат(а) и како | Шопен |
Роден(а) | 1 март 1810
Желазова Вола, Полска |
Починал(а) | 17 октомври 1849
Париз, Франција |
Жанрови | романтизам |
Занимања | композитор пијанист наставник |
Роден е во селото Желазова Вола во Варшавското Војводство. Мајка му била Полјачка, а татко му француски иселеник. Во татковината го сметале за чудо од дете, но тој ја напуштил Полска на 20-годишна возраст и никогаш повеќе не се вратил. Подоцна во Париз создал кариера како изведувач, учител и композитор и ја прифатил француската варијанта на неговото име „Фредерик-Франсоа“. Од 1837 до 1847 година бил во бурна врска со француската писателка Жорж Санд. Секогаш бил со нежно и нарушено здравје, па на 39-годишна возраст се разболел од туберкулоза.[3]
Сите Шопенови дела се за пијано (претежно соло), и се смета дека тие му припаѓаат на врвот на репертоарот за пијано. Иако неговата музика се смета за мошне тешка за свирење, неговиот стил дава нагласок на нијанси и експресивна длабочина, а не само на техничката виртуозност. Тој има измислено некои музички форми како баладата,[4] но неговите најзначајни иновации лежат во рамките на постоечките структури како сонатата за пијано, валцерот, ноктурното, етидата, импромптуто и прелудиумот. Покрај ова, Шопен бил првиот западен композитор кој го има користено словенскиот фолклор во своите композиции; така и до денес неговите мазурки и полонези се камен темелник на полската национална класична музика.