Француска Горна Волта
From Wikipedia, the free encyclopedia
Француска Горна Волта (француски: Haute-Volta) — француска колонијална територија во федерацијата на Француска Западна Африка која била основана на 1 март 1919 година и која опфаќала територии кои биле дел од колониите на Горнен Сенегал и Нигер и Брегот на Слоновата Коска. Колонијата била распуштена на 5 септември 1932 година. По Втората светска војна, на 4 септември 1947 година колонијата била обновена како дел од Француската унија, со претходните граници. На 11 декември 1958 година, таа била реконституирана како самоуправна Република Горна Волта во рамките на Француската заедница, а две години подоцна, на 5 август 1960 година, таа добила целосна независност. На 4 август 1984 година името на земјата било променето во Буркина Фасо.
Кратки факти
Француска Горна Волта Haute-Volta | |||||
Составен дел на Француска Западна Африка | |||||
| |||||
Знаме | |||||
Химна La Marseillaise • Hymne National Voltaïque | |||||
темно-зелено: Француска Горна Волта. светло-зелено: Француска Западна Африка. сиво: останати француски територии. темно-сиво: Француска Република. | |||||
Главен град | Уагадугу | ||||
Историски период | Меѓувоен период · Студена војна | ||||
- | Основана | 1 март 1919 | |||
- | Укинување | 5 септември 1932 | |||
- | Воспоставена | 4 септември 1947 | |||
- | Автономија | 11 декември 1958 | |||
- | Независност | 5 август 1960 | |||
Затвори