Франкенштајн
роман од Мери Шели / From Wikipedia, the free encyclopedia
Франкенштајн или современиот Прометеј е роман од англиската писателка Мери Шели напишан во 1818 година. Шели почнала да го пишува романот на свои 18 години, а за прв пат бил анонимно објавен на 1 јануари 1818 г. во Лондон. На второто издание, објавено во Париз во 1821 година стои името на авторката.
Автор | Мери Шели |
---|---|
Земја | Обединето Кралство |
Јазик | Англиски |
Жанр | Готски роман, Книжевна фантастика, Хорор, Научна фантастика[1] |
Дејството се одвива во | Англија, Ирска, Италија, Франција, Шкотска, Швајцарија, Русија, Германија; крај на 18-ти век |
Објавена | 1 јануари 1818; пред 206 години (1818-01-01) |
Издавач | Лекингтон, Хјуз, Хардинг, Мавор и Џонс |
Страници | 280 |
Дјуи | 823.7 |
Клас. КБ | PR5397 .F7 |
Текст | Франкенштајн; или современиот Прометеј на Викиизвор |
Франкенштајн е приказна за Виктор Франкенштајн, млад научник кој во научен експеримент создава чудовиште. Шели во 1815 година патувала низ Европа и стигнала во Гернсхајм, место одалечено 17 км од замокот Франкенштајн, во кој, два века претходно, некој алхемичар правел експерименти.[2][3][4] [note 1] Потоа отпатувала во околината на Женева, каде што се одвива голем дел од романот. Во 1816 година, Мери, нејзиниот иден сопруг Перси Б. Шели и Лорд Бајрон имале натпревар за тоа кој може да ја напише најдобрата хорор приказна.[5] Откако размислувала со денови, Шели добила инспирација да го напише Франкенштајн кој го замислила како научник кој создал живот и бил ужаснат од тоа што го направил.[6]
Иако Франкенштајн содржи многу елементи на готски роман и романтизам, Брајан Алдис вели дека треба да се смета за прва научно-фантастична приказна во вистинска смисла. За разлика од претходните приказни со фантастични елементи што личат на оние од подоцнежната научна фантастика, вели Алдис, централниот лик „донесува намерна одлука“ и „се свртува кон современите експерименти во лабораторија“ за да постигне фантастични резултати.[7] Романот има исклучително влијание врз литературата и врз популарната култура; создаде целосен жанр на хорор приказни, филмови и драми.
По објавувањето на романот, името „Франкенштајн“ честопати погрешно се користи како име за чудовиштето, наместо за неговиот творец/татко.[8][9][10]