Фрактура на череп
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фрактура на череп е кршење на една или повеќе од осумте коски кои го сочинуваат краниумот на черепот најчесто како резултат на контузија. Доколку силата на ударот е прекумерна, коската може да се скрши кај или блиску до местото на ударот и да предизвика штета на скриените физички структури внатре во черепот како што се мембрани, крвни садови и мозокот дури и кога нема фрактура.
Фрактура на череп | |
---|---|
Дел од череп со фрактура | |
Специјалност | Ургентна медицина |
Фрактура на здрава коска покажува дека била применета значителна сила и се зголемува можноста за повреда додека фрактура на черепот без компликации може да настане без да има физичко или невролошко оштетување и самата по себе обично не е клинички значајна. Сериозен удар во главата доведува до потрес кој може, но и не мора, да биде проследен со губење на свеста.
Сложена фрактура е фрактура која настанува во комбинација со повреда која ја раскинува епидермата и менингесот или поминува низ параназалните синуси и структурите во средното уво, а надворешната средина доаѓа во контакт со мозочната шуплина. Сложените фрактури можат да бидат чисти или контаминирани.
Постојат четири главни видови на фрактури на черепот:
- линеарни фрактури кои се најчести и обично не е потребна интервенција за нив
- депресивна фрактури обично проследени со скршени делови од коски кои се изместени внатре во мозокот и за кои е можно да треба хируршка интервенција доколку има оштетување на ткивото
- дијастатски фрактури кај кои шевовите на черепот се шират, обично кај деца под три години
- басиларни фрактури кои настануваат кај коските кај основата на черепот