Фосфат
сол или естер на фосфорната киселина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Фосфат — анјон, сол, функционална група или естер на фосфорната киселина. Под ова најчесто се подразбира ортофосфат, изведен од ортофосфорната киселина H3PO4.
| |||
Систематско име | фосфат[1] | ||
Назнаки | |||
---|---|---|---|
14265-44-2 Ок | |||
Бајлштајн | 3903772 | ||
ChEBI | CHEBI:18367 Ок | ||
ChemSpider | 1032 Ок | ||
Гмелин |
1997 | ||
3Д-модел (Jmol) | Слика Слика Слика Слика | ||
MeSH | Phosphates | ||
PubChem | 1061 | ||
| |||
UNII | NK08V8K8HR Ок | ||
Својства | |||
Хемиска формула | |||
Моларна маса | 0 g mol−1 | ||
Конјуг. киселина | моноводород фосфат | ||
Дополнителни податоци | |||
Ок(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |||
Наводи |
Фосфатниот или ортофосфатниот јон [PO4]3− е изведен од фосфорна киселина со отстранување на три протони H+. Со отстранување на еден или два протона се добива диводород фосфат [H2PO4]− и водород фосфат [HPO4]2−. Истите имиња важат и за солите на тие анјони, како што се амониум диводород фосфат и тринатриум фосфат.
- H3PO4
Фосфорна
киселина - [H2PO4]−
Диводород
фосфат - [HPO4]2−
Водород
фосфат - [PO4]3−
Фосфат
Во органската хемија, „фосфат“ или „ортофосфат“ е органофосфат, естер на ортофосфорната киселина од обликот PO4RR′R″ каде еден или повеќе водородни атоми се заменети со органски групи. Таков пример е триметил фосфатот, (CH3)3PO4. Поимот се однесува и на тривалентната функционална група OP(O-)3 кај таквите естри.
Профосфатите имаат особено значење меѓу различните фосфати поради нивните важни улоги во биохемијата, биогеохемијата и екологијата, како и нивната стопанска важност во земјоделството и индустријата.[2] Додавањето и отстранувањето на фосфатни групи (фосфорилација и дефосфорилација) се клучни чекори во клеточниот метаболизам.
Ортофосфатите можат да се кондензираат, образувајќи пирофосфати.