Флорида
From Wikipedia, the free encyclopedia
Флорида е држава која што се наоѓа во југоисточниот дел на САД. Се граничи со Алабамa на северозапад и Џорџија на север. Голем дел од пространството на државата е голем полуостров, од Мексиканскиот Залив на запад, Атлантскиот Океан на исток до Карибите на југ. Во 1845 година, по период од триста години од европското владеење, Флорида е признаена како 27-ма држава во САД.
Флорида State of Florida | |||||||||||
| |||||||||||
Службен јазик | англиски | ||||||||||
Говорени јазици | англиски и шпански | ||||||||||
Главен град | Талахеси | ||||||||||
Најголем град | Џексонвил | ||||||||||
Површина | 22. место | ||||||||||
- Вкупно | 170 304 км² | ||||||||||
- Широчина | 582 км | ||||||||||
- Должина | 721 км | ||||||||||
- % вода | 17,9 | ||||||||||
- Гео. ширина | 24°27′ N to 31° N | ||||||||||
- Гео. должина | 80°02′ W to 87°38′ W | ||||||||||
Население | 4. место | ||||||||||
- Вкупно | 18 801 310 | ||||||||||
- Густина | 155,18/км² (8. место) | ||||||||||
Надм. вис. | |||||||||||
- Највисока точка | Бритон Хил 1 629 м | ||||||||||
- Најниска точка | Атлантски Океан[1] 0 м | ||||||||||
Влез во сојузот | 3 март 1845 (27) | ||||||||||
Гувернер | Рик Скот | ||||||||||
Сенатори | Бил Нелсон (Д) Марко Рубио (Р) | ||||||||||
Делегација на конгресот | |||||||||||
Часовен појас | {{{часовен појас}}} | ||||||||||
Кратенки | FL Fla. US-FL | ||||||||||
Портал | www.myflorida.com |
- Оваа статија е за сојузната држава во САД, Флорида. За други значења, видете Флорида (појаснување).
Со површина од 65755 квадратни милји (170 305км2), Флорида е рангирана на 22-то место по големина помеѓу 50-те држави на САД. Флорида има најдолга крајбрежна линија во границите на САД, опфаќајќи околу 1350 милји (2 170км). Државата има четири големи урбани средини, голем број на помали индустриски градови и многу мали градови.
Флорида е наречена „сончевата држава“ најмногу поради нејзината топла клима-суптропска во северните и централните региони на државата и вистинска тропска клима во јужниот дел. Во 2009 година бирото за попис на САД потврдило дека населението на државата изнесува 18.537.969 со кое што Флорида се рангира како четврта најнаселена држава во САД. Талахеси е главниот град на државата, Џексонвил е најголемиот град и Јужна Флорида е најголемата метрополитенска област.