Фер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фер (германски: Föhr; фериншки севернофризиски: Feer; дански: Før) — еден од Севернофризиските Острови на германскиот брег на Северното Море. Претставува дел од округот Северна Фризија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. Фер е втор најголем остров во Северното Море во Германија и омилено одредиште за туристи. Градот и единаесет други општини се наоѓаат на островот. Климата е океанска со умерени зими и релативно свежи лета.
Feer, Föhr, Før | |
---|---|
Сателитска снимка на островот | |
Географија | |
Место | Ваденско Море |
Координати | 54°43′N 8°30′E |
Архипелаг | Севернофризиски Острови |
Поголеми острови | Зилт, Фер, Амрум |
Површина | 82,82 км2 |
Должина | 12 км |
Ширина | 6,8 км |
Највисоко издигнување | 13 м |
Управување | |
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Северна Фризија |
Демографија | |
Население | 8.592 (1 декември 2010) |
Густина | 104 /km2 (269 /sq mi) |
Етнички групи | Германци, Фризи, Данци |
Дополнителни податоци | |
Мреж. место | www.foehr.de |
Станувајќи населба уште во неолитот, Фер бил дел од копното на Северна Фризија до 1362 година. Тогаш, брегот бил уништен од силна бура и биле создадени неколку острови, а помеѓу нив и Фер. Северните делови на Фер се состојат од мочуришта, додека јужните делови се состојат од песочни делови. Од средниот век до 1864 година, Фер потпаѓал под данска власт во рамките на Војводството Шлезвиг, но потоа бил предаден на Прусија како последица на Втората шлезвишка војна. Поморството долго била единствена стопанска дејност, но постепено земјоделството и туризмот станувале важни економски чинители. До островот може да се дојде со автомобил преку патнички ферибот или преку аеродромот.
Покрај германскиот јазик, дијалект на севернофризискиот јазик, фериншкиот дијалект, се говори исто така на островот. Неколку писатели имаат пишувано на фериншки.