Усман Дембеле
From Wikipedia, the free encyclopedia
Масур Усман Дембеле (роден на 15 мај 1997 година) — професионален француски фудбалер, напаѓач на Барселона и на француската репрезентација.
Усман Дембеле | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 15 мај 1997(1997-05-15) (27 г.) | ||
Роден во | Вернон, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | &100000000000001780000001,78 м[1] | ||
Позиција | напаѓач, крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Париз Сен Жермен | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
2010-2015 | Рен | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2014-2015 | Рен 2 | 22 | (13) |
2015-2016 | Рен | 26 | (12) |
2016-2017 | Борусија Дортмунд | 32 | (6) |
2017-2023 | Барселона | 71 | (15) |
2023- | Париз Сен Жермен | 26 | (3) |
Репрезентација ‡ | |||
2013-2014 | Франција 17 | 8 | (0) |
2014-2015 | Франција 18 | 5 | (0) |
2015 | Франција 19 | 3 | (1) |
2016- | Франција 21 | 4 | (0) |
2016- | Франција | 21 | (2) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 3 јули 2012 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 3 јули 2012 |
Роден во Вернон, Дембеле ја започнал својата кариера во Рен пред да се приклучи на Борусија Дортмунд во 2016 година. Тој го освоил Купот на Германија со Борусија Дортмунд во сезоната 2016-2017, постигнувајќи погодок во финалето. Една година подоцна, тој бил купен од страна на Барселона за сума од €105 милиони, влегувајќи во списокот на најскапите фудбалери како втор најскап фудбалер заедно со својот сонародник Пол Погба. Во првата сезона играјќи во Шпанија, Дембеле ги освоил Примера Дивисион и Купот на Шпанија иако дел од сезоната му била попречена поради повреди.
По 20 настапи, постигнувајќи пет погодоци за различни младински селекции, Дембеле дебитирал за сениорската репрезентација на Франција во 2016. Тој бил повикан во француската репрезентација за Светското првенство 2018, на кое триколорите ја освоиле титулата.