Ури
кантон во Швајцарија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кантонот Ури (германски: Kanton Uri) е еден од 26-те кантони на Швајцарија и основачки член на Швајцарската Конфедерација. Се наоѓа во Средишна Швајцарија. Територијата на кантонот ја опфаќа долината на Ројс помеѓу Сен Готар Преминот и Езерото Луцерн.
Ури | ||
---|---|---|
Кантон | ||
Кантон Ури Kanton Uri (германски) | ||
Местоположба во Швајцарија | ||
Престолнина | Алтдорф | |
Единици | 20 општини | |
Управа | ||
• Извршен | Региерунгсрат (7) | |
• Законодавен | Ландрат (64) | |
Површина[1] | ||
• Вкупна | 1,076,56 км2 (0,41.566 ми2) | |
Население (декември 2018)[2] | ||
• Вкупно | 36,433 | |
• Густина | 34/км2 (90/ми2) | |
ISO 3166 | CH-UR | |
Највисока точка | 3,630 м: Дамасток | |
Најниска точка | 434 м: Езеро Луцерн | |
Примена | 1291 година | |
Јазици | германски | |
Мреж. место | ur.ch |
Службениот јазик на Ури е (швајцарската врста на стандардниот) германски, но главниот говорен дијалект е алеманскиот швајцарски германски наречен Урнер Германски (Urnerdeutsch).
Ури некогаш бил единствениот кантон каде што децата во училиште морале да учат италијански како свој прв странски јазик, но во учебната 2005/2006 година ова било сменето на англиски, како и во другите средишни и североисточни кантони. Населението е околу 35,000 од кои 3.046 (или 8,7%) се странци.[3]
За легендарниот Вилијам Тел се вели дека потекувал од Ури. Историското обележје Ритли се наоѓа во кантонот Ури.