УС Кремонезе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Унионе Спортива Кремонезе, познат и само како Кремонезе — италијански фудбалски клуб од Кремона, Ломбардија. Моментално се натпреварува во Серија А, највисоката лига на италијанскиот фудбалски систем, откако во сезоната 2021-2022 се вратиле во елитата по 26 години пауза.
Кремонезе | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Унионе Спортива Кремонезе | |||
Држава | Италија | |||
Основан | 1903; пред 121 година (1903) | |||
Локација | Кремона, Италија | |||
Стадион | Џовани Ѕини | |||
Капацитет | 20.641 | |||
Сопственик | Џовани Арведи | |||
Тренер | Масимилијано Алвини | |||
Лига | Серија А | |||
2021–22 | Серија Б, 2-ри (промоција) | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот во својата историја има одиграно вкупно 8 сезони во највисокото ниво на италијанскиот фудбал. Покрај повеќето различни титули освоени во пониските национални лиги, на меѓународната сцена Кремонезе може да се пофали и со освојувањето на Англо-италијанскиот куп 1992-1993.
Клупските бои се, сива и црвена, па оттука доаѓа и прекарот кои ги означува играчите од Кремона григиороси (григио на италијански значи сиво, а росо - црвено). Домашните натпревари Кремонезе ги игра на стадионот Џовани Ѕини, кој има капацитет од 20.641. За најголем ривал на клубот се смета екипата на Пјаченца.