Трол
From Wikipedia, the free encyclopedia
Трол — суштество од нордиската митологија, кое ги инкарнира силите на природата или магијата и чија главна одлика е што е спротивен на луѓето и на боговите. Тролот честопати е исто суштество со јотуните, односни, « џинови » во нордиската митологија. Се појавува во Среден век, претставен во скандинавските легенди и верувања како натприродно суштество.
Трол кој медитира за годините, Теодор Кителсен, 1911. Национална норвешка библиотека. | |
Вид | Митологија, народен фолклор |
---|---|
Подвид | Јотун |
Слични суштества | Џин Орка |
Митологија | Нордиска митологија |
Земја | Скандинавија, Исланд |
Живеалиште | Мориња, планини, шуми |
Опасен за човекот и непријателски настроен, тролот се поврзува со природните сили непознати за човечката цивилизација, особено со морињата, планините и шумите. Дијаболизиран од страна на христијанството, верувањата во тролот се зачувале само во скандинавските преданија, сè до 19 век. Во денешни времиња, тролот се појавува како лик во фантастиката, во книжевни дела или во популарната култура. Модерниот архетип честопати го претставува како џин со огромна сила, наивен или злобен.
Троловите се најчестите суштества во скандинавските бајки и поприсутни од вилениците, џуџињата, вештерките и џиновите. Тие се опишани во разни големини и може да се огромни како џиновите или мали како џуџињата. Речиси секојпат се сметаат за суштества со ниска интелигенција (особено машките тролови), со голем нос, долги раце, влакнести и не многу убави (освен некои ретки женски тролови).
Во скандинавските бајки троловите главно се претвораат во камен при допир со сончева светлина, истиот аспект го усвојува и Толкин иако неговите тролови имаат доста поинаков физички аспект. Нивното живеалиште е во шумите и во планините и понекогаш киднапираат деца кои се принудени да живеат со нив. Некојпат крадат човечки деца а место нив на луѓето им ги оставаат своите деца (старо традиционално објаснување за деца родени со Даунов синдром). Децата во Шведска честопати биле заплашувани со тролови - еден од начините да се навикнат да ги четкаат своите заби било да им се каже да се ослободат од малите “забни тролови“ кои им прават дупки во забите.[1]