Трогранков живец
From Wikipedia, the free encyclopedia
Трогранков живец (лат. nervus trigeminus) — петти (CN V) черепен (капитален или мозочен) живец кој е одговорен за сензација на лицето и некои моторни функции, како што се гризењето и џвакањето. Тој е најсложениот од сите черепни нерви, а неговото име произлегува од фактот што има три големи гранки: офталмичен живец (V1), горновиличен живец (V2) и долновиличен живец (V3). Офталмичниот и горновиличниот живец се чисто сетилни, додека долновиличниот живец поседува и моторна и сетилна (или „кожна“) функција.[1] Покрај овие функции, трогранковиот живец содржи и автономни нервни влакна, како и специјални сетилни влакна (за вкус).
Трогранков живец | |
---|---|
Шематски приказ на трогранковиот живец и органите (или структурите) кои ги снабдува | |
Инфериорен поглед на човечкиот мозок, со ознаки за черепните живци. Трогранковиот живец е означен како trigeminal. | |
Податоци | |
Во | Офталмичен живец Горновиличен живец Долновиличен живец |
Надразнува | Моторна функција: Мускули за џвакање, мускул затегнувач на опната на ушното тапанче, мускул затегнувач на мекото непце, милохиоиден мускул, предно меше на двомешест мускул Сетилна функција: Лице, уста, виличен зглоб |
Назнаки | |
Латински | Nervus trigeminus |
TA | A14.2.01.012 |
FMA | FMA:50866 |
Моторниот дел на трогранковиот живец потекнува од базалната плоча на ембрионалниот Варолиев мост, а сетилниот дел од мозочниот гребен (crista neuralis cranialis). Сетилните информации од лицето и телото се спроведуваат од паралелни патишта во централниот нервен систем.