Точка на топење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Точка на топење — температурата на која супстанца ја менува состојбата од цврста во течна при атмосферски притисок. При точката на топење цврстата и течната фаза егзистираат во еквилибриум. Точката на топење на супстанците зависи од притисокот кои вообичаено е определен како стандарден. Кога се разгледува температурата на која течноста се менува во цврст облик, таа се нарекува како точка на мрзнење или точка на кристализација. Затоа што некои супстанци имаат способност да бидат суперстудени, точката на мрзнење не се смета како карактеристично својство на супстанцата. Кога „карактеристичната точка на мрзнење“ на супстанцата е определена, всушност актуелната методологија е секогаш „принцип на губење повеќе од замразување“, тоа е точка на топење.[1]