Тигрица (птица)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тигрица (науч. Melopsittacus undulatus) — мал папагал со долг опаш, кој се храни со семе. Ова е единствениот вид во австралискиот род Melopsittacus, и може да се најдат диви примероци во посувите делови на Австралија, каде видот преживеал сурови услови на внатрешниот дел на континентот во последните пет милиони години.[2] Тигриците се природно зелени и жолти, порабени со црни пердуви на вратот, грбот и крилата. Во заробеништво се одгледуваат и единки со сина боја, бела, жолта, и сива боја, па дури и такви со мали украси. Ова се омилени домашни миленици низ целиот свет поради нивната мали димензии, ниската цена и способноста да подражавааат човечки говор. Видот е евидентиран во 1805 и денес е третиот меѓу најомилените домашни миленици, по припитомените куче и мачка.
Тигрица Период: палеоцен–денес | |
---|---|
Сина восковица — обележје на мажјак | |
Кафеава восковица — обележје на женка | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Папагаловидни |
Натсемејство: | Вистински папагали |
Семејство: | Папагали |
Потсемејство: | Лорија |
Племе: | Тигрици |
Род: | Тигрица Гулд, 1840 |
Вид: | Тигрица |
Научен назив | |
Melopsittacus undulatus (Шо, 1805) | |
Природна распространетост на тигрицата (со црвено) |
Овој папатал е во сродство со лориите и смоквените папагали.[3][4][5][6]